В сабота, 14 април, со почеток во 20 часот на сцената на Драмскиот театар во Скопје театарот „Јордан Х.К-Џинот“ од Велес ќе гостува со претставата „Тоалет за дами“ од Родолфо Сантана, во режија на Деан Дамјановски.
„Тоалет за дами“ е хит претстава од репертоарот на Велешкиот театар за која секогаш се бара билет повеќе, а која театарот ја реализираше од сопствени средства. Работена е според истоимениот драмски текст на познатиот венецуелски автор Родолфо Сантана и ги проблематизира личните односи и проблеми на десет жени, еден трансвестит и еден маж кои се среќаваат во тоалетот на еден ноќен клуб.
Драматург на претставата е Сашо Димоски, сценографијата е на Филип Коруновски, костимите се на Катерина Чукниева, а музички соработник на претставата е Сашко Костов. Настапуваат актерите Кица Ивковска, Васил Зафирчев, Ирена Илиевска, Кети Борисовска, Маја Љутков, Талија Настова, Марија Стефановска, Зорица П.Панчиќ, Весна Димитровска Бобевски, Драгана Босниќ, Слободанка Чичевска и Александар Велјановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст