Иако американските медиуми не прекинуваат да пишуваат околу неверствата на Доналд Трамп, сепак неговата сопруга Меланија Трамп, барем според зборовите на извор близок до неа, воопшто не размислува да се разведе од претседателот на САД.
Како што пишува „Hollywood Life“, причината поради која Меланија не сака да го напушти својот сопруг, е нивниот син Барон.
Наводно таа е бесна на својот маж додека се во Белата куќа, но сепак, како што стојат работите, таа смета дека евентуалниот развод би го погодил нивниот син.
„Сите кои мислат дека Меланија ќе побара развод, грешат. Нејзиното останување во брак не е слабост, туку таа е фокусирана на синот и се што прави е за негово добро. Таа верува дека стабилно семејно опкружување, колку што е можно во овие околности, е најдобро за нејзиниот син“, изјави изворот близок до првата дама на САД.
Посебно затоа што последната година, откако неговиот татко стана американски претседател, била многу тешка за Барон, кој одеднаш се најде на мета на новинари и постојано е под будно око на јавноста.
Меланија со право верува дека медиумската експонираност би ескалирала, ако таа се одлучи за развод, што само би му наштетило на Барон.
Поради тоа, таа и понатаму останува во брак со Трамп, пишуваат американските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст