| четврток, 6 декември 2018 |

Итно предупредување поради можност за напади во Сирија

Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај (ЕАСА) издаде предупредување за подрачјето на Источниот Медитеран. Предупредувањето е издадено поради можност за воздушни напади на Сирија во следните 72 часа и евентуален повремен прекин на уредите за навигација. Агенцијата предупреди да се обрне внимание во планирањето на летовите во Источното Средоземје.

Претходно, портпаролот на американскиот Стејт департмент Хедер Науерт изјави дека САД бараат координиран одговор заедно со нивните сојузници и партнери за наводниот хемиски напад во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top