Европската агенција за безбедност на воздухопловството (ЕАСА) издаде предупредување за областа на Источниот Медитеран поради можни воздушни напади во Сирија во следните 72 часа.
Според агенциите, предупредувањето е издадено “поради можното лансирање на воздушни напади со крстаречки или воздух-земја ракети во следните 72 часа. Постои можност за прекинување на радио-навигациските уреди, па големо е прашањето како ќе се одвива воздушниот сообраќај во оваа област од светот.
Според европските медиумски извештаи, почетната информација за известување е издадена од Оперативниот центар за управување со мрежата (NMOC).
Според зборовите на аналитичарите, ако американските разорувачи отпочнаат со овој пакет ракети да ги бомбардираат армиските објекти на Сирија, а таму се и руските воени единци, одговорот на Москва ќе биде моментален.
Началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов рече дека малата група во Сирија ќе ги уништи не само ракетите што ќе го нападнат Дамаск, туку и бродовите и авионите од кои се лансирани.
Коалицијата на чело со САД изминатиот викенд, пред сириските граници стационираше огромна воена армада. Имено, десетина стратешки бомбардери Б-52, кои веќе дејствувале во изминатите месеци, се во целосна подготвеност.
Американска Морнарица соопшти дека носачот на авиони “Хари С. Труман”, заедно со група бродови што го следат, од денеска ќе биде стациониран во Европа, на морето, според регуларниот распоред, јави Ројтерс.
Носачот на авиони е главниот брод на ударни групи, а го следат крстарицата “Нормандија” и четири разорувачи – “Арлеј Бурк”, “Булкелеј”, “Форест Шерман” и “Фарагут”.
Заедно со овие бродови, ударната група ќе ја следи и германската фрегата “Хешен”.
“Труман” имаше воени дејства во првата половина на 2016 година, против исламската држава, во која беа извршени повеќе од 2.000 летачки мисии, со што беше забележан рекорден број на активности, кои во 2015 година беа поставени од носачот на авиони “Теодор Розвелт”.
Носач авионот “Хари С. Труман” тогаш се наоѓаше во источно Средоземје, од каде се случија напади против терористичката т.н. Исламска држава.
Авионите на американската морнарица во овој период фрлија 819 тони бомби, објави веб-страницата Militari.com.
По враќањето во базата на “Труман” е извршено интензивно одржување, како и подобрување на внатрешните и надворешните комуникациски мрежи.
Што се однесува до русата армија во базата Хмејмим, има ловци и бомбардери, вклучувајќи и неколку најнови авиони Су-57. На располагање на Русија и се “бастиони”, крајбрежни ракетни комплекси со високопрецизни антиблокирачки ракети “јахонт” и “оникс”.
“Бастиони” се наменети за гаѓање на бродови во радиус од 350 километри, а ракетата може да носи боева глава со тежина од неколку стотици километри на минимална височина и затоа е многу тешко да се пресретне.
Руските единици во Сирија имаат и “панцир-С1”, самодвижечки противвоздушен ракетен-комплекс за заштита од сите средства на воздушен напад од близу.
“Бастиони” и “Панцири” успешно се тестирани во Сирија во реална борба и се покажале како многу ефикасни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст