| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на поранешно момче на Ражнатовиќ: Аркан ме апсеше додека Цеца лежеше гола до мене

Поранешното момче на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Харо Самарџиќ, со кого пејачката се забавуваше од 1990 до 1993 година, и со кого наводно ја изгубила невиноста, по 24 години за првпат зборува задетали од нивната љубовна врска.

Самарџиќ, кој во тоа време бил оженет, зборува зошто не сакал деца со пејачката и дека поради неа завршил во логор.

Зборува за тоа дека во 1993 година во Белград Жељко Ражнатовиќ Аркан, со помош на Државната служба за безбедност го апсел додека тој бил со Цеца во хотелска соба.

– Тоа беше во октомври 1993 година. Цеца спиеше со мене тоа утро кога дојдоа и затропаа на ватата од хотелската соба. Тој проклет Метропол… Беше со мене во соба кога упаднаа претставниците на ДБ, а таа лежеше гола… Ме однесоа во некоја куќа во близина, десно од хотелот. Не знам точно колку минути ме возеа, Можев нешто да видам пред гаражата во која ми ставија црна вреќа на глава за да не видам каде влегуваме. Аркан стоеше зад апсењето, тој беше државен човек – вели Самарџиќ.

Тој смета дека Цеца знаела дека се подготвува негово апсење. Вели дека за него Цеца не е нормална личност, но доцна сфатил.

-Јас неа не можев да ја тргнам од себе, не сакаше да оди. Се молев на бога да се спасам од неа, да оди… – вели тој, додавајќи дека Цеца лаже кога зборува дека биле во голема љубов и дека со него ја изгубила невиноста кога имала 18 години.

-Подобро и е да молчи, да не кажам јас на колку години навистина ја изгубила невиноста, па да падне во несвест цела Србија. Се што кажа во врска со мене е лага. Никој не пишува зошто тогаш бев во Белград и дека после тоа апсење бев во логор. Пола година по тој настан не се чувствував добро. Таа жена е баксуз! Кој и да бил со неа веќе е мртов, го нема. Јас едвај се извлеков – додава Самарџиќ и посочува дека ја запознал додека пеела во дискотеката која тој ја држел со својот брат.

Тој посочува дека тогаш Цеца избегала од дома, тој ја чувал од сожалување. Никогаш не планирал ништо сериозно со неа, бил оженет.

-Да сакав нешто немаше да оди да абортира. Трипати беше бремена, не сакав да роди. таа по секоја цена сакаше мое дете… Се сеќавам еднаш, во мојот клуб во /германија исчезна. Кога ја побарав ја најдов во ќош на едно сепаре со ромски гуру. И реков – срам да ти е, која вештерка си ти, со што се занимаваш!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top