Советот за безбедност на Обединетите Нации повторно заседава поради наводниот хемиски напад во Сирија. Русија стави вето на резолуцијата на САД, но не помина ни рускиот предлог.
„Нема да го поддржиме американскиот нацрт“, рече амбасадорот на Русија во Обединетите Нации, Василиј Небензја.
Тој додаде дека резолуцијата не е во согласност со руската позиција.
„Ако претпоставиме дека таков нацрт ќе биде усвоен, би биле потребни неколку месеци да се формира истражен механизам. Не сакате да слушнете дека во Сирија не се пронајдени траги од хемиски напад“, рече Небензја.
Нацрт резолуцијата на САД се однесуваше на воспоставување нов механизам за истрага на хемиски напади во Сирија. За неа гласаа 12 земји, додека Русија и Боливија беа против, а Кина воздржана. Ова е 12-то вето на Русија, на некоја резолуција за Сирија од почетокот на војната во 2011-та година.
Русија пред седницата побара од Советот за безбедност да гласа за два нацрт резолуции за Сирија. Првиот текст се однесуваше на американскиот нацрт, а вториот текст подоцна го предложи шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров и за него засега се знае малку. Овој нацрт беше одбиен поради недостаток од гласови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст