| четврток, 6 декември 2018 |

Зиков: Прв пат ми се случува 11 часа да имам судење за некој случај, ова е голем притисок за обвинетите и одбраната

Поранешниот премиер Никола Груевски од утрово е во судница. Рочиштето за „Тенк“ денес почна од 09:30 часот и заврши во 21.30 часот.

Ваква маратонска седница од 11 часа досега немало во судската пракса, вели адвокатот на Груевски кој го окарактеризира случајот како голем преседан и притисок врз обвинетите.

-После 11 часа главна расправа еве сега во 21 часот и 30 минути завршуваме и морам да ви кажам дека јас дека после долга обвинителска и адвокатска кариера од осум години прв пат ми се случува да 11 часа имам судење за предмет кој што не е ниту притворски, ниту има некој посебен интерес за него, ниту било каква опасност за одлагање на предметот. Сметам дека ова е преседан и голем притисок на одбраната и обвинетите за да се извршуваат квалитетно својата работа, вели адвокатот Штерјо Зиков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top