| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе станеме ли Горномакедонци (Upper Macedonia)?!

Радиото Слободна Европа објавува дека најновата варијанта за името не го содржи зборот Република односно дека се договара името Горна Македонија.

Според РСЕ кое си финансира од американскиот Конгрес јазикот би се решил по формулата: Language: Macedonian* (во фуснота би пишувало дека јазикот и припаѓа на групата словенски јазици)

За државјанство / nationality би стоело Upper Macedonia односно Горна Македонија.

РСЕ цитира извори на кои се повикува Независен весник кои велат дека е направен исчекор во преговорите а тој се однесува на името Горна Македонија, односно Upper Macedonia, на јазикот македонски, односно Macedonian со ѕвездичка односно фуснота каде би пишувало дека и припаѓа на словенската група јазици, додека во графата државјанство/nationality би пишувало Горна Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top