Сјајната хартија во внатрешноста на кутијата со цигари не содржи никаков скапоцен метал како злато или сребро. Се чини дека електронските медиуми се единствените кои профитираат од оваа информација, привлекувајќи внимание на многу читатели со привлечни наслови за нереална вредност на оваа хартија. Алсат-М испрати за анализа неколку типови од овој материјал за да го дознаеме вистинскиот состав. Инженерот по хемија, Ракип Дочи, кој ги анализираше испратените примероци, убедливо го негира присуството на вредни метали во овој материјал.
„Поради вашиот интерес за анализирање на хартијата од цигарите за кои луѓето мислат дека содржат количини од скапоцени метали, извршивме анализа и според резултатот што произлегува од оваа анализа, слободно можеме да утврдиме дека во таа хартија нема ни злато ни сребро. Може да има други лесни метали како што е алуминиумот или нешто друго, но нема злато или сребро“, изјави Ракип Дочи – инженер по хемија
Многуте вести за профоти од продажбата на сјајната амбалажа од кутиите за цигари брзо се ширеа низ балканските интернет портали. Многу луѓе веруваа и со многу труд собраа големи количини од овој материјал мислејќи дека ќе ги продадат во Србија за повеќе од 500 евра за килограм. Некои граѓани со кои разговаравме ни рекоа дека за ова се зборува со години и оти досега не познаваат никого кој успеал да ги продаде собраните хартии. Некои други пак, никогаш не слушнале за овој феномен.
“Веќе неколку години луѓето собираат ваква хартија. Скоро 20 години има како сум слушал за ова. Јас лично не сум собирал, ниту познавам некој кој собирал и продавал“
“Не, првпат слушам дека оваа хартија има вредност. Не сум слушал и не верувам”, велат граѓаните
Од целата оваа интернет бркотница има барем една општествена придобивка. Низ отпадоците што се гледаат по улиците на градовите, честопати недостасуваат барем празните кутии од цигари.
Извор: Алсат М
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


