| четврток, 6 декември 2018 |

Присила Присли: Смртта на Елвис не беше случајна!

Елвис Присли починал во 1977 година на 42-годишна возраст од случајно предозирање. Но, неговата смрт отсекогаш била обвиена со мистерија, па затоа некои луѓе и денес не веруваат дека е навистина мртов.

Во новиот документарец за кралот на рокенролот, неговата поранешна сопруга Присила Присли (72) рекла дека ништо не било случајно.

„Знаеше што прави. Луѓето се прашуваат зошто никој не го предупреди. Тоа не е вистина. Ние, најблиските луѓе, постојано го предупредувавме, но на Елвис никој не можеше да му каже што да прави. Едноставно не можевме да го правиме тоа. Веднаш нѐ исфрлаше надвор. Се обидувавме, но немаше никаков ефект“, изјавила Присила.

Таа била во брак со Елвис од 1967 до 1973 година, но останале блиски и по разводот. Имаат ќерка Лиза Мери (50).

Оваа изјава во новиот филм за Присила се појави откако минатата година биле откриени писмата што музичарот му ги праќаше на неговиот менаџер, а во кои пишувало дека му е доста од животот, па затоа многумина претпоставуваа дека бил во депресија и дека размислувал за самоубиство.

Присила тврди дека неговата зависност почнала кога бил во војска каде што американските војници во Германија морале да пијат таблети и дрога за да останат будни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top