Конгресменот Марлин Статзман, републиканец од Индијана, е најновиот член на конгресната група пријатели на Македонија, објави Обединетата македонска дијаспора (ОМД).
– Ми претставуваше огромно задоволство да го запознаам конгресменот Статзман и лично да му се заблагодарам за неговата поддршка на македонско-американска заедница во Форт Вејн, Индија, како и за потегот да стане член на македонската кауза – изјави претседателот на ОМД, Методија А. Колоски.
– Марлин Статзман е човек со длабока верба, човек кој високо го почитува семејството и ја сака слободата. Семејството, вербата и слободата се преоритети кои го дефинираат – рече Тимоти Гоеглин, Американец со македонско потекло, роден во Форт Вејн, специјален асистент на американскиот претседател Џорџ Буш и заменик-директор на канцеларијата за врски во Белата куќа од 2001 до 2008 година.
Статзман го претставува третото гласачко тело на Индијана и е втор конгресмен од оваа американска сојузна држава кој ѝ се приклучил на македонската кауза.
Статзман е избран за конгресмен во 2010 година, член е на финансискиот комитет на Конгресот и предводник на Републиканците од Индијана во Претставничкиот дом. Член е на поткомисијата за финансиски институции и потрошувачки кредити, како и на поткомисијата за монетарна политика и трговија. Пред да биде избран за конгресот, Статзман служел во Претставничкиот дом (2002-2008) и државниот Сенат (2008-2010) на Индијана. Кога првпат го избрале на 26-годишна возраст, тој до 2006 година бил најмладиот служебник во законодавството на соединетата држава Индијана.
Форт Венј, Индијана, е дом на една од најстарите македонско-американски заедници во САД, која почнала да емигрира уште пред еден век. Претходната година, Форт Вејн беше домаќин на 91-та конвенција на Македонската патриотска организација, а во исто време е дом на најстариот континуирано печатен македонски весник во светот, Мацедониан Трибуне, основан во 1927 година, како и на македонски музеј.
Конгресната група за Македонија функционира како орган за одржување и зацврстување на позитивната и обострано корисна врска меѓу САД и Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.