Градоначалникот Петре Шилегов реши – мостот на Вардар на кој требаше да стои панорамското тркало, сепак ќе се доградува, но без тркалото и ќе функционира како пешачки мост.
Град Скопје направил нов проект според кој мостот нема да има барокни елементи и ќе биде поставена проѕирна ограда за да се гледа Камениот мост. Шилегов за порталот вели дека уривањето на мостот, заедно со заостанатите обврски кон германските партнери кои требало да го градат тркалото, би чинело три милиони евра. Вака, според него, договорено е за истата цена мостот да се догради.
Со месеци мостот стои недоправен, а околу него и во Вардар има купишта земја, градежни материјали и железо, иако градските власти најавија дека ќе го расчистат коритото. Пред неколку месеци, кога обилните дождови го доведоа Вардар до излевање, Шилегов изјави дека екипи составени од повеќе надлежни институции утврдуват протокол за градбите во Вардар.
– Искуството од само два дена врнење покажува што сè може да се случи. Изградбата на Панорамското тркало е стопирана, Градот нема потреба од него, цела среќа е што не е платено, па барем тука ќе заштедиме народни пари – рече Шилегов.
На новинарското прашање за тоа дали е раскинат договорот со изведувачот „Бетон“ и дали Градот ќе плаќа казнени „пенали“, градоначалникот одговори дека договорот е сторниран, а работите што се досега изведени се навремено платени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст