Министерството за култура ја прогласи манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ за проект од национален интерес во културата во 2018 година, информираат од крушевската локална самоуправа.
Изборот го вршат надворешни комисии ангажирани од Министерството за култура од сите поднесени проекти.
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски порача дека ова е уште една потврда за поддршката што централната власт ја дава на Крушево.
– Уште еднаш видовме дека државата силно стои зад општина Крушево и она што го работиме. Оваа поддршка мораме максимално да ја искористиме и очекувам во иднина поддршката да се зголемува, вели Христоски.
Министерството за култура оддели 500.000 денари за одржување на годинашното издание на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст