| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија: Куче уби бебе

Седуммесечно бебе почина откако семејното куче го гризнало за глава, соопшти денеска германската полиција.

Инцидентот се случил во Бад Кениг, 45 километри од Франфурт, а како што соопштува германската полиција засега се непознати причините поради кои кучето го сторило тоа, пренесува АП.

Кучето е префрлено во засолниште за животни, а агенцијата истакнува дека инцидентот се случил две недели откако куче усмрти две лица во северна Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top