| четврток, 6 декември 2018 |

Бучковски доби три години затвор за случајот „Тенковски делови“

Владо Бучковски е осуден на три години затвор. Ова е конечниот епилог од судскиот процес во кој поранешниот премиер беше обвинет за злоупотреби при набавки во времето кога беше министер за одбрана, во вредност од два милиона евра, јави телевизијата „Алфа“.

Покрај него, казна затвор, исто од три години, добија и поранешниот началник на Генералштабот, Методија Стамболиски, и директорот на МЗТ ФОП, Митре Петковски.

Поранешниот логистичар Нелко Менкиновски е осуден на две години. Исто толку доби и поранешниот државен советник во Министерството за одбрана, Ацо Ѓурчевски.

Пресудата беше изречена утрово за случајот со набавките на резервни тенковски делови. Ова е втора првостепена пресуда откако Апелација првата ја укина и ја врати на ново судење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поврзани вести

Top