БИК
Денес ќе почнете да правите нов финансиски план. Доколку се занимавате со приватен бизнис, бидете внимателни во планирањето. Можно е финансиите што треба да ги вложите двојно да се зголемат. Ако сте вработени во некоја фирма може да добиете ветување за покачување на приходите, но не очекувајте премногу. Можно е ветувањето да биде лажно само за да се добие вашата доверба. Партнерот е малку нервозен и почнува да ви приговара . Можеби малку е напорен и настојчив, но сепак послушајте го.
СТРЕЛЕЦ
Чувствувате некој отпор кон наметнатите обврски и како да сте фатени во стапица. Имате премногу добри идеи и желби, но луѓето од кои зависи вашиот резултат не можат да ве сфатат. Денес ќе треба да вложите поголем труд за да убедите една личност во големината на вашите идеи. Партнерот денес ќе се однесува чудно и ќе почне да ви приговара. Останете мирни и дозволете му да се доискаже.Само на тој начин ќе сфати дека не е во право.
ЈАРЕЦ
Не е својствено за вас, но секојдневно почнувате да оставате незавршени работи. Чувствувате замор и немате желба да се справувате со проблемите. Денес ќе добиете признание за вашето залагање, но тоа ништо нема да ви значи. Повеќе сакате да добиете материјална сатисфакција околу празни зборови. Партнерот цело време ве следи и се сочувствува со вас, но не се знае кога ќе престане да ви ја дава својата поддршка. Вашиот начин на размислување и смалените финансии го тераат во очај.
РИБИ
Денес може да дојде до конфликт со една постара личност од семејството. Ќе морате да останете мирни и да не се спротивставувате затоа што може да дојде до поголем конфликт. На работното место ве обзема монотонија и единствено ве интересира дали ќе примите плата. Почнувате да се дистанцирате од партнерот затоа што тој се повеќе зборува со неразбирлив јазик. Не му забележувајте и не убедувајте се со него. Во овој момент нема да можете да го убедите во ништо. Ако сте слободни, можно е денес многу да ви се допадне една личност родена во воден знак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.