Мнозинството од Бугарите, односно 53 отсто, сметаат дека во моментов постои реална опасност од глобален воен конфликт. Тоа значи дека такво мислење имаат 2,9 милиони полнолетни Бугари, од вкупно 5,5 милиони кои живеат во земјата, го коментира резултатите „Галуп Интернешнл“ од најновата социолошка анкета.
Вкупно 34 отсто од анкетираните (околу 1,9 милиони лица) ценат дека веројатно (28 отсто) или многу веројатно (шест проценти) во следните неколку години глобалните нуклеарни сили ќе искористат атомско оружје. Сепак, мнозинството не очекуваат нуклеарен конфликт, односно 63 отсто од испитаниците велат дека тоа нема да се случи, за 44 проценти е „малку веројатно“, односно за 19 проценти е „исклучено“ да има нуклеарна војна. Сепак, 28 отсто од анкетираните стравуваат од таква војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст