| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазено детенце во Битола – во тешка состојба пренесено во болница

Сончевиот викенд се претвори во хорор кога вчера во 14 часот и 55 минути во селото Будаково-битолско, патничко моторно возило „Опел Вектра“ со швајцарски национални ознаки управувано од страна на 29-годишниот А.Б. од селото Канатларци удрило во шестгодишно дете, кое управувало велосипед.

Возачот со повреденото дете се упатил кон Битола, но по пат се пресретнал со екипа на Итната медицинска помош којашто го пренела детето во Клиничката болница во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Битола. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top