| четврток, 6 декември 2018 |

„Скај њуз“: Јулија Скрипал отпуштена од болница

Ќерката на руско-британскиот поранешен двоен агент, Јулија Скрипал, која заедно со нејзиниот татко беше отруена со нервен агенс е отпушена од болница, јави „Скај њуз“, повикувајќи се на свои извори.

„Скај њуз“ посочи дека на Јулија Скрипал здравствената состојба драстично и се подобрила и оти таа требала да излезе од болница вчера. За денеска се очекува соопштение од нејзиниот лекарски тим.

Јулија (33) и нејзиниот татко Сергеј Скрипал (66) беа пронајдени во Солсбери онесвестени пред повеќе од пет недели. Тие беа отруени со нервен агенс, за што западните земји ја обвинија Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top