Овие хороскопски знаци не се ни свесни дека се однесуваат на овој начин. Според нив, проблемот е во сите останати. Доколку сте дел од нив, време е да станете свесни за оваа ваша негативна особина. Прочитајте за кои знаци станува збор…
Овен
Кога ќе сфатат дека сакаат нешто, Овните само земаат. Тие се подготвени да се борат за последното чоколадо што останало на полицата во продавница ако решат дека мора да го имаат. Доколку сте Овен во хороскоп, мора да се жртвувате понекогаш. Нормално е тоа што не ви се допаѓа кога не сте на прво место, но тоа е составен дел од животот. Дозволете им на другите понекогаш да го зграбат последното залче!
Бик
Иако Бикот е претставник на стабилноста и лојалноста, неговата потреба за сигурност понекогаш може да се претвори во алчност и материјализам. Освен тоа, Биковите знаат да станат пречувствителни и претерано посесивни. Престанете да барате сѐ повеќе и повеќе! Обидете се да го градите вашиот однос врз основа на тоа што го имате.
Близнаци
Поради нивната превртливост, луѓето ги сметаат Близнаците за празни и површни. Тие никогаш не прават услуги поради тоа што се добродушни. Зад нивната љубезност најчесто се кријат себични побуди. Мора да бидете задоволни сами со себе. Никого нема да импресионирате со вашата репутација. Отфрлете го лажниот карактер и обидете се да се чувствувате пријатно во своја кожа.
Лав
Сѐ што ќе видат Лавовите, обично мора и да го имаат, па затоа многу се себични. Во очите на Лавовите, нивното име е запишано на сите работи што ги сакаат, без разлика дали тие им припаѓаат на некој друг. Припадниците на овој знак мора да им го препуштат местото под рефлекторите и на другите луѓе понекогаш. Ако сакате да ги задржите пријателите, мора да се жртвувате по малку.
Девица
Девиците обожаваат да ги критикуваат другите, но понекогаш не се свесни за сопствените негативни особини. Тие треба да научат како да го задржат своето мислење за себе, кога никој не побарал нивен совет. Девиците треба да престанат да критикуваат и да ги остават нивните пријатели да си ги решаваат проблемите на свој начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст