Додека премиерот дели лекции за економија убедувајќи ги граѓаните дека работите одат напред, познавачите тврдат – јавноста политички се манипулира, без да и се сервира вистината. Како на пример со просечната плата, за која беше помпезно соопштено дека е највисока до сега – над 24 илјади денари, а само неколку дена подоцна, самиот пресметувач- Државниот завод за статистика во интервју за Алфа, всушност откри низа недостатоци во добивањето на просекот. Просечната плата е нереална оти 80 отсто од граѓаните во земјава живеат под нормалните стандарди, а само 20 се богати. Па така, ако платата на најбогатиот човек во земјава се кажи од 200 на 250 илјади евра на пример, тоа ќе покаже нереален скок на просечната плата, а стандардот на 80те проценти сиромашни – уште повеќе ќе падне. За вистинска слика Статистика треба да ја пресметува и средната плата во земјава- ама 27 години упорно одбиваат тоа да го направат.
Причините се политички, вели Здравко Савески, експерт за работнички права и член на Левица. Некому не му одговара Статистика да работи според европските стандарди, ами користи сопствени национални начини на пресметка, што не се применуваат никаде во регионот. Па така иако заводот ја има на располагање целата база на податоци од УЈП, наместо просекот да биде извлечен од сите вкупно податоци, избран е примерок, за кој од Статистика велат бил случаен, иако не знаат да објаснат како точно се врши електронското влечење. Во него се опфатени големите и средни претпријатија, а малите се чинат исклучени.
Сето ова упатува на дилемата дали европските стандарди се задолжителни само за области за кои на властите им одговара, додека по потреба смислуваме сопствени – па и спротивни на меѓународните, како во случајов? Дека неосновано се зборува за успешна економија викендов критикуваше и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, кој тврди дека џебовите на граѓаните се празни, оти изминатото тримесечје потрошиле 45 милиони евра помалку за разлика од истото време лани. Според Мицкоски оваа влада за 10 месеци од владеењето се фали со проекти од времето на претходната власт, без сопствена реализација на нови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст