| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжување за уште една година: Баерн ќе им понуди нови договори на Робен и Рибери

Баерн Минхен игра одлично, изминатиот викенд ја осигура шестата титула во низа во Бундес-лигата, а во среда се очекува да го запечати пласманот во полуфиналето од ЛШ. Управата на клубот воедно размислува и за иднината, па по долго размислување донесена е одлука да им бидат понудени нови договори на Арјен Робени на Франк Рибери, двајцата ветерани кои со години наназад се од огромно значење во играта на баварскиот гигант.

Актуелните договори истекуваат на крајот од оваа сезона, и Робен и Рибери изјавуваа дека би останале кога би добиле понуда за такво нешто, па Румениге и Хенес решија наместо подмладување, да ги задржат двајцата асови нудејќи им нови едногодишни договори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top