| четврток, 6 декември 2018 |

Фернандо Торес на крајот на сезонава го напушта Атлетико Мадрид

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес, соопшти дека на крајот од сезоната ќе го напушти клубот. За популарниот „Ел Нињо“ ова му е втор „мандат“ во мадридскиот клуб, откако по првиот период во Атлетико од 2001-2007 година, потоа ги носеше дресовите на Ливерпул, Челзи и Милан.

Торес се врати во 2015 година, но оваа сезонава е во втор план и на 34 натпревари постигна само седум гола.

– Дојдов тука кога имав 10 години и ова е моја куќа. Сите мои сништа се исполнети со играњето во Атлетико. Време е за разделба, ова е мојата последна сезона. Одлуката не беше лесна, но морав да ја донесам и да ја објавам со должна почит кон навивачите и клубот, нагласи Торес.

Тој за Атлетико вкупно има постигнато 126 голови, а кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Кина или во американската МЛС лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top