| четврток, 6 декември 2018 |

Дваесетгодишниот Давид доби 30 години затвор, неговиот татко му ракоплескаше на судијата: Браво, го судите детето зошто е од Босна

Дваесет годишниот Давид Комшиќ минатата година брутално ја уби својата поранешна бремена девојка, 19 – годишната Кристина Крупљан, а денеска во загрепскиот Жупански суд беше осуден на 30 години затвор. После пресудата неговиот татко почна да ракоплеска и вика:

– Браво, го судите детето затоа што е од Босна.

Таткото и мајката на Комшиќ излегле од судницата, а образложението во солзи останала да го слуша неговата братучетка.

Семејството на убиената без посебни емоции го слушале образложението за пресудата.

Судот потврди дека нема докази дека Кристина ја убил поради одмазда, ниту дека го планирал убиството. Уверени се дека станува збор за злосторство во моментот и тешко убиство на груб начин.

Што Комшиќ го натерало да ја прободе девојката 88 пати останува непознато, затоа што Давид не се бранел. Во моментот на убиството, судот заклучил дека тој можел да се контролира. Кај убиецот утврдиле висок степен на потисната агресивност и низок степен на толеранција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top