Четириесет годишната Беки Турни е мајка од Аљаска која пред околу две години доживеала нешто што ниту една мајка не би требало да доживее. Таа го изгубила својот 19 годишен син Тристан. Но животот оди натаму, па за неа следеле и среќни моменти кога човекот од нејзините соништа ја запросил. Организирале венчавка, а посебно место меѓу поканетите доби празниот стол за нејзиниот син.
На него осамнала трогателна порака, момчето кое требало да ја види својата мајка повторно среќна. Но кога церемонијата почнала, пред Беки да го каже судбоносното „да”, нејзиниот партнер и кажал дека на прославата донел некого, поради кој неколку минути подоцна сите гости заплакале.
Беки прво била збунета, поради наглото прекинување на церемонијата, кога пред неа се појавило непознато момче. И соопштил дека има 21 година, и веднаш сфатила кој е тој. Кога нејзиниот син загинал, скршената мајка одлучила да ги донира сите негови здрави органи. Така што веднаш сфатила кој е тој, а момчето на Кели и додал стетоскоп за да го слушне срецето на нејзиниот син кое тој го добил.
Беки стетоскопот го допрела до градите на младиот Џејкоб и ја слушнала најубавата „свадбена песна”, срцето на својот син продолжува да чука во градите на друг човек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст