Виктор Орбан прогласи победа, откако целосните резултати покажа изненадувачка победа за неговата десничарска коалиција.
Трикратниот премиер освои супер-мнозинство, а прелиминарните резултати покажуваат дека неговата алијанса Фидес-КДНП ќе освои 133 места, од вкупно 199 места во Парламентот.
Во краткиот говор на поддржувачите, Орбан рече дека тоа е решавачка победа
Ја создадовме можноста да ја одбраниме Унгарија. Голема битка е зад нас. Добивме одлучна победа.
Орбан ја предводеше коалиционата влада предводена од Фидес во периодот 1998-2002 година, пред да се врати на власт во 2010 година.
Опозициските партии беа разочарани, откако со големиот одзив не успеаа да обезбедат гласови. Габор Вон од екстремно десничарската партија Јобик, кој дојде на второто место, објави дека ќе поднесе оставка во понеделник.
Гергели Карачони, водач на партиите на социјалистите и Дијалогот за Унгарија, изрази задоволство од високата одѕивност, но рече дека неговата партија треба да ги научи лекциите.
Партијата Фидес на актуелниот премиер Виктор Орбан убедливо победи и освои двотретинско мнозинство во парламентот.
Фидес освои речиси половина од гласовите – 49,51 отсто.
Партијата на Орбан, според проекциите, ќе има 134 од вкупно 199 места, јави Ројтерс.
Второто место е за десничарската партија “Јобик”, која освои околу 20 отсто од гласовите и 27 места во парламентот.
Следи коалицијата на социјалистите и партијата Дијалог за Унгарија со скоро 12 отсто од гласовите, ЛМП со 6,47 отсто и ДК со 5,32 отсто од гласовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст