Папата Франциск денеска го осуди нападот со гас во Сирија, нарекувајќи го неоправдано користење на средства за истребување, објави „Ројтерс“.
-Не постои добра или лоша војна. Ништо, ама баш ништо, не може да го оправда користењето на такви средства за истребување против беспомошни луѓе и народи“, рече папата на крајот од мисата која ја одржа на плоштадот „Свети Петар“.
Според информациите, папата побарал од воените и политичките лидери да изберат поинаков пат, пат на преговори и дијалог, кој, како што рекол, е единствениот кој може да донесе мир, а не смрт и уништување.
Светските медиуми пренесоа дека најмалку 70 лица загинале при напад со хемиско оружје врз сирискиот град Дума, кој е под контрола на бунтовниците. Ваквата информација потекнва од лекари и известувачи од тој регион, додека пак сириската влада вели дека станува збор само за измислици, пренесе „Би-би-си“. Агенциите АП и „Ројтерс“ известуваат дека бројот на мртви е помал и изнесува околу 40 лица.
„Би-Би-Си“ истакнува дека досега ниту еден независен извор не ги потврдил информациите за напад со хемиско оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст