| четврток, 6 декември 2018 |

Избегната трагедија откако воз полн со патници се откачил од локомотивата (Видео)

Индиски воз полн со патници, распоредени во 22 вагони, се откачил од локомотивата и поминал 12 километри наназад, пред да запре на барикади кои властите ги поставиле на пругата. Како што информираат тамошните медиуми, во инцидентот нема повредени.

„Можеше да биде голема катастрофа, но за среќа таквото сценарио беше спречено благодарение на внимателниот персонал“, наведуваат од индиското Министерство за железници.

Како што велат, додека вагоните се движеле наназад не дошло до поголеми проблеми и никој не е повреден. Инцидентот се случил на истокот од Индија во сојузната државата Одиша.

Во врска со инцидентот, седум вработени во железницата се суспендирани поради непочитување на прописите. Исто така, покрената е истрага за откривање на причините поради кои од локомотивата се издвоил останатиот дел од композицијата на возот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top