Манчесер јунајтед му го одложи шампионското славје на Манчестер сити вчера во дербито во Премиерлигата (3-2), но веќе јасно е дека „граѓаните“ ќе ја освојат првата шампионска титула во ерата на Пеп Гвардиола, а неговиот фудбал посебно ги импресионирал шеиците од Абу Даби па тие ќе го одврзат ќесето за Каталонецот.
Како што објавија англиските меидуми, Гвардиола веќе ја договорил новата соработка кога бил во Абу Даби и таму имал средба со шеикот Менсур и со претседателот на клубот Калид ал Мубарак и според најавите Гвардиола треба да добие годишна плата од која „боли глава“ и со која ќе биде најплатениот менаџер на сите времиња.
Засега медиумите на Островот не знаат дали новата соработка ќе значи продолжување на истата до 2021 година или новиот договор ќе продоли само за една сезона, сооглед дека договорот на Гвардиола со Манчестер сити истекува на крајот на идната сезона.
Според најавите со новиот договор, Гвардиола ќе заработува речиси 25 милиони евра по сезона, што е за десет милиони евра повеќе од тоа што сега го заработува, околу 15 милиони евра. Тоа би значело дека менаџерот на Сити ќе биде поплатен и од најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо во Реал Мадрид.
Сите детали за новиот договор се веќе постигнати и само се чека Гвардиола да го потпише новиот договор и тој да биде официјализиран.
sport1.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


