Минатото лето Драган Величковски – Тајзи го објави синглот „Омилена“ и спотот за истата, во кој главната улога и припадна на убавата штипјанка Марија Јовева (22). Веруваме дека доколку не ја познавате, сигурно би помислиле дека девојката потекнува од некоја егзотична земја, а не од Штип.
Токму поради нејзината уникатна појава и светска убавина која освојува на прв поглед, не е чудно што би го помислиле тоа.
Имено, Марија на социјалните мрежи е попозната како Марис Џолин, а освен во видео спотови, таа досега се појавила во улога на модел за наши познати дизајнерски имиња. Освен тоа што има неверојатна моќ за трансформација, таа е талентиран фотограф која е заљубена во фотографирањето, а исто така е студент на Архитектонскиот факултет.
(извор – Вистина.мк)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.