
– Пред две години, на Велигден, успеав да застанам на нозе, токму овде пред моштите на Св. Гаврил Светогорец. Бев клекната пред нозете на отец Дамаскин и ја слушав неговата молитва. Во моментот се појави некое необјаснето чувство, топлина… Не, не можам да објаснам… но, болката исчезна, искривените прсти на стапалото ми се исправија, а јас за првпат после толку време немав никаква болка. Почувствував дека сум здрава, раскажува 16-годишната кочанчанка Лора Минова за Вечер прес.
Лора Минова, девојчето од Кочани кое беше излечено по молитвите кон Свети Гаврил Светогорец во Лесновскиот манастир, денес е вистинска девојка. На шеснаесет години ужива во средношколските денови, учи, излегува со другарките, се забавува, но не заборава да се заблагодари на Бога што и помогна токму тогаш кога докторите беа беспомошни и дигнаа раце пред нејзината болест за која немаше дијагноза.
– Почувствував дека сум здрава. Без никој да ме придржува, после молитвата, тргнав зад отецот, самата зедов свеќа да запалам… моите родители не беа свесни што се случува… не беа ни свесни дека јас не сум веќе она дете кое со месеци го носеа на раце, од клиника на клиника низ скопската Државна болница. Со месеци од одделение на одделение, бараа помош, бараа да се дијагностицира болеста која ми ги грчеше стапалата и ми ја земаше свеста, ме лекуваа од сите можни болести со сите можни лекарства, но болеста не можеа да ја откријат ни нашите, ниту пак врвни доктори од Франција, раскажала тивко Лора.
– Велигден е вториот роденден на Лора. Слава му на Бога, тоа беше искушение низ кое сите, цело семејство моравме да поминеме. Долги месеци беа, но благодарение на верата во Бога, издржавме. Дури и во моментите кога лекарите се откажаа и не посоветуваа да се свртиме кон алтернативната медицина, од која исто не видовме арно. За среќа, цел месец пред Велигден, Лора не примаше лекарства, бидејќи по препорака на стручњаците требаше да се исчисти од сите силни медикаменти што претходно ги примаше. Кога после молитвата ја видовме насмеана, а не онесвестена од болките за кои не постоеше лек за да се намалат ние тројца, татко и, брат и јас не бевме свесни што се случува. Дури следниот ден отец Дамаскин ни рече дека верата во Бога ја излекува. И оттогаш е се во ред, се присетила мајката Олга со солзи во очите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


