| четврток, 6 декември 2018 |

Во скопски автобус пронајдена најлонска ќеса полна со марихуана

На 07.04.2018 година во 11,35 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-с.Миладиновци во патнички автобус со скопски регистерски таблици кој сообраќал на релација Скопје-Дортмунд, била пронајдена една најлонска ќеса оставена внатре во автобусот, а за која никој од патниците не се јавил како сопственик.

Од страна на полициска патрола од Полициската станица Петровец било утврдено дека во најлонската кеса има четири паковки марихуана со вкупна тежина од околу два килограми.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top