| четврток, 6 декември 2018 |

Парлементарни избори во Унгарија – Виктор Орбан се бори за трет мандат

Во Унгарија денеска се одржуваат парламентарни избори на кои актуелниот премиер Виктор Орбан ќе се трка за трет мандат. Овие избори ќе бидат тест на силата на десноориентираниот Орбан.

Според анкетите , владејачката партија на Орбан, националистичката партија Фидес, изгледа дека ќе освои околу 50 отсто од гласовите, што би значело дека Орбан ќе добие трет последователен мандат.

Анкетите предвидуваат дека Фидес ќе има далеку повеќе гласови од радикалната националистичка партија Јобик, социјалистите и неколку помали левичарски и зелени групи.
Но сепак, поради неодамнешниот неуспех на Фидес на општински избори, партијата нема да има резултати како на изборите во2010 и 2014 година.

Околу 8,3 милиони жители во Унгарија имаат право да гласаат за 199 пратеници во парламентот. Тие гласаат на два гласачки ливчиња, едно за кандидат од нивната област и едно за партиска листа.Унгарците кои живеат надвор од земјата гласаат по пошта само за партиски листи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top