| четврток, 6 декември 2018 |

Рио: Четири мртви, 149 уапсени во акција на полицијата

Rio de Janeiro, Brazil

Четири лица се убиени, а 149 уапсени кога полицијата во Рио де Женеиро изведе упад во седиштето на една милитантна група.

Полициската акција наречена „Медуза“ изведена е на ранч во населбата Санта Круз, пренесе Дејли мејл. При проверката полицијата нашла десетина пушки, 19 пиштоки и 15 украдени возила, како и повеќе гранати.

Операцијата е дел од заострените мерки против милитантните групи во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top