| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во кулата Трамп, едно лице почина

Еден човек загина, а четворица пожарникари се полесно повредени во пожар што синоќа избувна во стан на 50-от кат на кулата Трамп во Њујорк.

Жртвата -67-годишен маж, бил пронајден во бесознание во станот што горел, и подоцна починал во болница, соопшти полицијата.

Во гаснењето на пожарот учествувале околу 200 пожарникари.

– Огнот беше многу тежок, станот беше на 50-тиот кат, а во останатиот дел од зградата имаше многу чад, напиша на Твитер комесарот на противпожарната бригада Даниел Нигро.

Причината за пожарот се уште се утврдува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top