| четврток, 6 декември 2018 |

Првпат во 17 години Ахмети честита Велигден

Со желби за здравје, благосостојба и среќа, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, првпат откако постои на политичката сцена им го честита христијанскиот празник Велигден на православните верници.

„Денес православните христијански верници го слават Велигден како еден од најголемите христијански празници каде ја наоѓаме надежта, но и можноста за подавање рака едни на други во духот на љубовта и меѓучовечката солидарност за заедничко добро. Посакувам вие и вашите семејства да го поминете овој празник со многу здравје, во семејна хармонија како и со доверба за подобро утре за сите нас“, стои во честитката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top