| четврток, 6 декември 2018 |

Велигденски викенд хороскоп: Пијано-среќно-уморно издание…

На ​Рибите само ветете им дека ќе бидат во близина на вода и сте ги „купиле“. Тие ги обожуваат сите видови на активности поврзани со езеро и море, а кога зборуваме за солена вода, нуркањето им е најомилен хоби, или пак за тоа мечтаат.

Ако не може покрај вода, ќе уживаат и во кино вечери во двојка гледајќи филмови со морска тематика и убаво јадење.

За ​Овните тоа е викенд украден од сценариото на Џемс Бонд, мото трка, скокање со падобран или возење со скутер по море. Не е важно што, важно е да има акција и да не е досадно ниту еден миг и се разбира нашиот Овен да е главен протагонист.

Бикот сака мирен викенд, со сликање покрај езеро, романтични вечери, а сето тоа проследено со обилни ручеци, вечери и виолина на уво. Тие со подлабок џеб ќе се почестат со луксузни патувања, крстосување all inclusive им звучи преубаво.

За Ракот нема вистинско уживање без собирање на семејството и пријателите, барем на неделен ручек, ако не и во посета на родното место за да се релаксираат со пеењето на птиците, мирисот на природата и домашната храна.

А, ако пропадне се, ќе ги повикаат пријателите на скара или само на дружење на тераса со освежителен пијалак и тивка музика.

Девицата посакува некаков wellness викенд на кој конечно ќе се одмори од напорната недела. Под вештите раце на масерот во миризливи купки и со лековита кал ќе заборави на сите грижи и ќе го одмори духот и телото.

Вагата признава само шопинг, по можност во странство и тоа во поголемите европски метрополи.

Може и по некоја модна ревија, jet set after party на некоја јахта, се зачинето со вкусни деликатеси и квалитетен алкохол. Така ќе биде исполнета и со задоволно срце ќе се врати дома.

Ако помеѓу саботата и неделата нема долги жешки ноќи, ништо од идеалниот викенд за​ Скорпиите. Саботното попладне со задоволство ќе го помине со пријателите, вечерта на еротско кабаре со партнерот. А потоа следи… појадок во кревет во недела на пладне, зарем не?

Спортски настроените​ Стрелци би дале се за сплаварење, возење кајак, сурфање на ветер и падобранство.

Ним им одговара авантура која ги тестира нивните физички граници, но и менталните – па помудрите меѓу нив ќе одберат дводневен семинар за тема што ги интересира. Трките, разни инвенти и кампирањето се некои од активностите во кои Стрелците ќе уживаат.

Близнакот сака да се врати во младоста па со група на весели пријатели повеќе сака да отиде на концерт на омилениот бенд после што следи лудо ноќно возење во кабриолет, играње на дожд и чекање на мугрите во пијано – среќно – уморно издание.

Близнаците со задоволство ќе отидат и на пат во некоја друга земја каде што ќе комуницираат со локалните жители, ако треба со раце и нозе.

На​ Лавот идеалниот викенд му е секогаш поврзан со летото- провод или продолжена забава на некој брод на морската шир со многу јадење, пијалак и добри „парчиња“.

Преку ден ќе има доволно енергија за скијање на вода или возење со глисер, а би било пожелно тоа да го сними и телевизија и да го прикаже во ударен термин за да му завидуваат сите познаници.

Јарецот е повеќе зимски тип – викенд во планинска куќичка на идиличен алпски врв (било во лето или во зима) е по негов вкус.

Но, тие сакаат и да патуваат, а кога е веќе така, сакаат да видат што повеќе – па ако станува збор за вашиот партнер бидете подготвени на ригорозен распоред и часови и часови пешачење.

Водолијата ретко кога мисли на себе кога размислува за идеален викенд, тие повеќе би сакале да ги спасуваат шумите, да демонстрираат против нуклеарните централи, да им помагаат на делфините…

За тие два дена барем малку би се обиделе да го изменат светот. Но, ако тоа не им е опција – со задоволство би отпатувале на фестивал на отворено или би пробале некоја активност која до сега не ја пробале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top