| четврток, 6 декември 2018 |

Последните мигови на Ивана: Музика, последен секс со Луна, а потоа – смрт

Американскиот бизнисмен и неговата сопруга во чија куќа била пронајдена холандската манекенка мртва, признале дека со девојката имале секс во тројка, неколку часа пред нејзината смрт.

Локалната полиција навела дека смртта на 18-годишната Ивана Смит, која паднала од 14. кат по забавата, била несреќа на која и претходело консумирање на дрога и алкохол.

44-годишниот Алекс Џонсон, трговец со криптовалути, и неговата 31-годишна сопруга Луна Алмаз, примиле бројни смртни закани откако приватните инспектори рекле дека Ивана била убиена.

Џонсон рекол: “Овој случај е лекција за тоа како лажните тврдења и лажните вести можат да ги уништат животите на луѓето. Никогаш не сакавме да објавиме детали од нашиот брак. Сега се плашиме за нашите животи и немаме избор”.

Неговата сопруга Луна додала: “Кога зборувам за нејзината смрт, ми се тресат рацете, имам болка во срцето”.

Тинејџерката, која имала 18 години, на парот наводно му кажала дека има 26.

Ноќта пред Ивана да падне од балконот на нивниот стан, парот Џонсон вели дека биле со манекенката во ноќен клуб. Следното утро Луна отишла да го однесе детето во училиште и се вратила, како што тврди, во околу 8:15 часот наутро.

“Алекс и Ивана лежеа во креветот. Таа беше будна, тој спиеше. И пријдов и и кажав дека сега сум слободна. Седнавме на каучот и по 20 минути Ивана пушти музика и се соблече. Отидовме во спалната соба и бевме интимни”, рекла Луна.

Таа тврди дека ја пронашла Ивана подоцна како лута, како зборува сама со себе и се смее.

“Бев уморна по сето тоа. Во 10:15 часот отидов во спалната соба. Заспав веднаш откако ја ставив главата на перница”, навела Луна.

Се разбудила три часа подоцна и ги видела работите на Ивана, но не и неа, па претпоставила дека отишла на договорената фотосесија.

“Подоцна полицијата не извести дека е пронајдено нејзиното тело”, рекла таа. Полицијата наведува дека нема никакви криминални елементи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top