| четврток, 6 декември 2018 |

Погребот на милијардерот Сукедо бизарен колку и неговиот живот

Милијардерот Шерон Сукедо, сопственик на многу недвижности и продавач на половни автомобили, убиен е минатата недела во престрелка пред куќата на родителите на неговата сопруга во Тринидад и Тобаго.

Бил познат по расипничкиот живот во кој се фалел со луксуз, па оттука и погребот не можело а да помине незабележано.


Сандакот бил украсен со златни приврзоци, телото прекриено со канит вреден 120.000 евра, а ковчегот се превезувал во бентли.

Полицијата истражува вмешаност на семејството во неговото убиство.

Sheron’s auto #1stplace #drift 🚀🚀💨💨

A post shared by 🚔Sheron Sukhdeo🚘 (@sherons_auto) on

Членови на бандата Раста сити го планирале убиството со години, иако Сукедо бил под заштита на соперничка банда. Пред две години постоел обид за атентат на неговата сопруга, но преживеала. Два дена опо убиството на Сукедо неговата жена завршила во болница поради компликации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top