| четврток, 6 декември 2018 |

Заев е решен да го смени името и по цена на политичката кариера

Зоран Заев е спремен да го смени името на Република Македонија, дури и по цена да му заврши политичката кариера. Имено тој во неговото интервју за МИА вели дека решение на проблемот со името со Грција вреди да се жртвува и политичка кариера, со тоа отварајќи врата дека ќе прифати секое име, па како што вели и по цена на сопствената политичка кариера.

Премиерот Заев, пишува МИА, како докажан оптимист во преговорите за името, во интервјуто за МИА нагласува дека нема да има дипломатски булдожери меѓу Македонија и Грција, дека за такво решение вреди да се жртвува и политичката кариера. Притоа тој најавува средба со Ципрас, и за 12 април ја потврди и новата средба на Димитров и Коѕијас.

-Кога ќе ја слушнете најавата за средба Заев и Ципрас да знаете дека сме тука со достоинственото решениа за државата, порачува премиерот.

Повеќе детали за економската офанзива, предвремени избори, коалицијата и парламентарното мнозинство, соседите, во утрешното неделно интервју со премиерот Зоран Заев за МИА.

По ваквата најава од страна на Заев голема е веројатноста дека ќе дојде до промена на името на државата, без разлика какаов е предлогот кој ќе дојде од грчка страна. Заев уште во јануари оваа година, во изјава за грчката телевизија Алфа рече дека за него нема црвени линии.

Лидерите и на позицијата и на опозицијата во Грција постојано излегуваат со јасни ставови дека решение за името не е возможно без промена на Уставот на државата. Грците инсистираат и на слеано име со географска одредница и без транскрипција на англиски јазик.

Имиња кои беа во циркулација, а излезени од грчката страна се имињата Горна Македонија, Нова Македонија, Северна Македонија, Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје). Со оглед на последната изјава на Заев од интервјуто за МИА можеме да очекуваме едно од овие имиња.

Во интервјуто во МИА тој најавува и средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас, но и ја потврди и средбата на 12 април помеѓу Димитров и Коѕијас.

Заев додаде и дека е докажан оптимист во врска со преговорите за името со Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top