| четврток, 6 декември 2018 |

Бобан Илиќ во притвор

По барање на обвинителството, Бобан Илиќ е однесен во притвор до правосилноста на пресудата и отпочнување на издржување на казната. На барање на обвинителството, судот ја одобри мерката притвор за Бобан Илиќ, пренесе А1.он.

Кумановскиот суд во четвртокот му изрече шестгодишна казна затвор на 30 годишниот Бобан Илиќ, кој со своето возило во јули минатата година го усмрти четиригодишниот Алмир Алиу по расправијата со неговиот татко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top