| четврток, 6 декември 2018 |

Пензионер од Велешта во подрумот чувал арсенал колку за војна

Околу 15 часот по претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, од Единицата за недозволена трговија со дрога, од Оддел за антитероризам и од Крим техника на место викано „Кабовска маала“ во селото Велешта, струшко, извршиле претрес во стара куќа сопственост на 76-годишниот В.К. од селото Велешта.

При претресот, во куќата биле пронајдени 10 гранати за рачен фрлач и еден испукувач „РПГ“. Пронајдените експлозивни направи биле подигнати и однесени во Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.

Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top