Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на сите припадници на ромската етничка заедница денеска им го честиташе Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми Април.
„Придонесот на ромската заедница во културниот, политичкиот и економскиот живот исклучително се цени од страна на Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ. Подобрувањето на економскиот стандард на граѓаните, вклучително и на припадниците на ромската заедница, ќе остане врвен приоритет за ВМРО-ДПМНЕ. На овој начин ќе придонесеме во иднина општествениот статус на Ромите да биде унапреден се со цел подобрување на сегашноста, но и на иднината на Ромите во Република Македонија“, се наведува во честитката упатена од страна на претседателот на опозициската партија.
Тој воедно потенцира дека како партија секогаш се гордееле на македонското мултиетничко и мултикултурно општество.
„Во Македонија има место за сите за Македонците, Ромите, Албанците, Турците, Србите, Власите, Бошњаци и сите останати. Ние мораме овој модел на заеднички живот по секоја цена да го одбраниме, да се залагаме но и да го одржиме за идните генерации. Мултиетничкиот карактер на нашата Македонија не смее да биде загрозен зошто на тој начин ни се загрозува иднината, но и опстанокот. Затоа мораме сите заедно да застанеме и гордо со крената глава да се спротивставиме на секоја намера да се загрози унитарниот и мултиетничкиот карактер на Македонија“, стои во честитката на Мицкоски.
Се додава дека ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на ромската заедница им посакува добро празнично расположение, многу здравје, љубов, успех и благосостојба во семејствата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст