| четврток, 6 декември 2018 |

Ѝ починало на раце седуммесечно бебе

Во Општата болница во Велес било донесено починато седуммесечно бебе од велешкото село Бузалково.

– Од извршениот разговор со родителите било констатирано дека околу 11.30 часот, додека мајката го држела бебето во рацете, забележала дека не давало знаци на живот, соопшти МВР.

Случајот вчера, во 13 часот, бил пријавен во СВР Велес од Општата болница во Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото бебе било предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top