Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес раскажа интересна анегдота што денеска му се случила во лифт, и покрај тоа што е легенда на „Баварците“, тој не бил препознат и бил помешан со обичен навивач
Искусниот стратег во 2013 го предводеше Баерн Минхен до историски успех и прва тројна титула односно триумф во Бундеслигата, Купот на Германија и Лигата на Шампионите. Можеби е легенда на „Баварците“, но очигледно не е толку многу познат, или барем не во САД.
„Утрово во лифтот во мојот хотел, на петиот кат влезе постар пар. Господинот беше прилично тивок, но госпоѓата беше пријателски расположена и ми рече „добро утро“ па и јас и кажав „добро утро“. Со мене имав торба од Баерн Минхен, и таа ме праша, „леле, вие сте фан на Баерн Минхен?“. Јас само одговорив, „да, секако!“” – раскажа Јуп Хајнкес со насмевка на лицето на денешната средба со новинарите.
„Дефинитивно беа Американци. Швајни ме убедуваше дека сум познат во САД и ми велеше „шефе, сите те знаат таму“. Очигледно овие не ме познаваа”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст