Шенон Доерти излезе како победник од првата битка со ракот, но борбата не е целосно завршена…
Актерката Шенон Доерти (46) која се прослави со улогата Бренда во серијата „Беверли Хилс“ на социјалните мрежи објавила дека докторите забележале покачени тумор маркери во текот на последните анализи.
„Испитувања и анализи. Еден тумор маркер е добар, друг покачен. Тоа само значи дека ќе морам да направам и други анализи. Но, и покрај тоа, останувам позитивна“, напишала глумицата.
Таа исто така додала дека ова ѝ помага да се фокусира и ја потсеќа на сето она што го научила додека се борела со ракот.
„Понекогаш ми треба свеж поглед. Како што веќе реков, ракот го менува животот на незамислив начин… Покрај тоа, маркерите можат да бидат покачени од разни причини. Ми треба и витамин Д“, истакнала Шенон која се обидува да остане позитивна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст