| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на Р. Српска ѝ додели на Македонија датум за преговори со ЕУ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во интервју за германската државна телевизија АРД ТВ, зборувајќи за европскиот пат на поранешните југословенски републики, изјавил дека е добро тоа што Хрватска стана членка на ЕУ, како и тоа што Црна Гора и Македонија добиле датум за преговори(?). За позитивна ја смета и одлуката на ЕУ за Србија, која доби условен датум.

– Се сеќавам на една прекрасна земја која се викаше Југославија и задолжително ми доаѓа мислата и прашањето што ни требаше сето тоа кога можевме како таква заедничка земја да влеземе во ЕУ – изјавил Додик.

За Додик Европа не е тоа што беше пред 5 години. Тој смета дека во Унијата има многу дилеми и предизвици кои на луѓето не им се јасни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top