| четврток, 6 декември 2018 |

Уште шестмина уапсени за убиството во Мала Речица

Шест нови лица се приведени во врска во синоќешната пресметка во Мала Речица во кое едно лице го загуби животот, а две се повредени.

МВР денес информираше дека во врска со случајот приведени се четири лица кои се предадени на понатаношна постапка. На местото на настанот при увид полицијата во присуство на јавен обвинител пронашла траги од крв, 8 чаури од пиштолска муниција, еден неиспукан куршум од пиштолска муниција, три зрна од куршуми и една безбол палка.

Во вчерашниот вооружен инцидент животот во загуби Наип Реџепи од Белановце, а со повреди се здобиле Ф.М. (22) од кумановското село Черкези кој бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје и С.Р.(41) од с.Белановце, општина Липково, кој бил задржан во болницата во Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top