| четврток, 6 декември 2018 |

Загинатиот Наим Реџепи – Беланока пред два месеци бил амнестиран со законот за амнестија кој го донесе СДСМ и ДУИ

Наим Реџепи, викан Беланока, кој вчера загина во престрелката помеѓу две спротивставени групи во ДУИ пред два месеци бил амнестиран благодарение на законот за амнестија кој го донесе владеачкото мнозинство, пишува Инфомакс.мк

Реџепи бил осуден за финансиски криминал, во кој учествувал заедно со уште еден познат кумановски бизнисмен, но благодарение на законот за амнестија кој го донесе владеачкото мнозинство, пред два месеци, тој заедно со уште неколку илјади други лица беа ослободени од одлежување на казната,стои во текстот кој го објави порталот.

Беланока бил дел од општинскиот огранок на ДУИ во Куманово, каде заедно со Фатмир Идризи и Фериз Дервиши работеле на превземање на раководството со општинскиот огранок на партијата.

Вчера беа застрелани веднаш по добивањето на функциите во партиското седиште во Мала Речица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top