Луѓето од веб-сајтот и сервисот за запознавање Match направиле истражување на примерок од 2000 мажи и жени во Велика Британија. Главната цел им била да ги откријат љубовните навики на паровите, а особено сакале да го истражат времето за преземање на клучни чекори во врската.
Повеќето испитаници признале дека чекаат пет месеци пред да кажат „Те сакам“ за првпат. Тоа е приближно истиот временски период по кој се подготвени да му кажат на светот дека се во среќна врска и да ја запознаат другата страна со своите пријатели и роднини.
Иако повеќето луѓе чекаат подолг временски период за да ги искажат своите чувства, истото истражување покажало дека 1/3 од испитаниците се впуштаат во сексуален однос по две недели од запознавањето, а во 34% од случаевите, првото држење за рака се случува по првиот секс.
Истражувањето открило и дека повеќето парови прават веридба по две години од врската, се венчаваат по три години, а стануваат родители по 4 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст